Политика на приватност

Оваа Политика на приватност е изработена со цел да се се објасни начинот на кој се врши обработката на личните податоци на корисниците на нашите услуги при посетата на веб страна TIX.MK, управуван од БИЛЕТАРНИЦА дооел Скопје (во понатамошниот текст: „TIX.MK”)

Собирање, обработка и употреба на податоци

TIX.MK може да ги собира податоците единствено доколку тие се наведени од корисникот/барателот на одредена услуга , а со цел навремено одговорање, ефикасна и навремена реализација на услугите и информирање за поволности и новитети.

Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од страна корисникот/барателот на услугата. Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страната TIX.MK и на сите поддомени. Доколку преку веб-страната TIX.MK е обезбеден линк до други веб-страни или платформи Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие вебстраници или платформи.

1. Контакт информации на контролор на податоци

Контролор на лични податоци: БИЛЕТАРНИЦА дооел Скопје

Адреса: ул. 11-ТИ ОКТОМВРИ бр.44/1-9 СКОПЈЕ

Е-пошта: contact@tix.mk

Телефон: +389 78 713 50

2. Какви податоци собираме

При користење на TIX.MK, може да ги собира следниве лични податоци:

– Име и презиме

– Е-пошта и телефонски број

– Информации за настани за кои купувате билети

– Код на билетот

3. Платежни податоци

Податоци за картички (на пр. број на картичка, датум на истекување, CVC) не се чуваат во нашите системи, туку директно се пренесуваат до платежниот процесор преку сигурна SSL врска. Ние можеме да чуваме само последни 4 цифри за проверка/потврда на трансакции.

4. Аналитички податоци

Платформата Tix.mk, користи аналитички и маркетинг алатки од трети страни со цел подобрување на функционалноста на веб-страницата, анализа на посетеноста, мерење на ефективноста на маркетинг кампањите и оптимизација на корисничкото искуство.

За овие цели можеме да користиме алатки како Google Analytics и Meta Pixel, кои може автоматски да обработуваат одредени технички податоци, како што се: IP адреса (во скратена или анонимизирана форма), тип на уред и прелистувач, оперативен систем, информации за посетените страници и извршените дејства на платформата.

Овие податоци не се користат за директна идентификација на корисниците и се обработуваат исклучиво за статистички, аналитички и маркетинг цели, во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, платформата може да користи UTM параметри, referral и affiliate линкови со цел да утврди од кои извори потекнува сообраќајот или купувањата (на пример: социјални мрежи, партнерски портали или рекламни кампањи). Овие параметри не содржат директни лични податоци и се користат исклучиво за аналитички и комерцијални извештаи.

Tix.mk не продава и не изнајмува лични податоци на трети лица за маркетинг цели. Податоците може да се споделат со давателите на овие алатки исклучиво во рамки на нивната техничка обработка и согласно нивните политики за приватност.

5. Цел на обработка на податоците

Вашите податоци ги користиме за:

– Извршување на купопродажба на билети

– Испраќање на електронски билети и потврди

– Комуникација поврзана со вашата нарачка или корисничкиот профил

– Споделување со организаторот на настанот (само податоци како име, презиме, е-маил и код на билет) за верификација и контрола на влез или други активности директно поврзани со самиот настан за кој е нарачката

– Маркетингски комуникации (само ако сте се согласиле да ги примате)

6. Правна основа за обработка

Обработката на вашите лични податоци се темели на:

– Извршување на договор (купопродажба на билети)

– Вашата согласност (за маркетинг и новости)

– Законски обврски

– Законски оправдан интерес (на пример, за заштита од злоупотреби)

7. Чување на податоците

Вашите лични податоци ќе ги чуваме само додека е потребно за целите за кои се собрани или додека тоа го налага законот.

8. Споделување на податоци со трети лица

Податоците може да ги споделиме со:

– Организаторот на настанот, за верификација и контрола на влез или други активности директно поврзани со самиот настан

– Финансиски институции и платежни провајдери (само за потребите на обработка на плаќање, без чување на податоците од страна на БИЛЕТАРНИЦА)

– Доставувачи на услуги кои работат во име на TIX.MK (техничка поддршка, хостинг)

– Државни институции, ако тоа е законски задолжително и официјално побарано

9. Ваши права

Според законот за заштита на лични податоци имате право на:

– Пристап до вашите податоци

– Исправање на неточни податоци

– Бришење на податоците („право на заборав”)

– Ограничување на обработката

– Преносливост на податоците

– Повлекување на согласност во секое време

Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци ги повредува вашите права, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

10. Безбедност на податоците

Ги применуваме сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, промена, откривање или уништување.

11. Прифаќање на условите

Секој корисник со продолжување на пристапот и користењето на веб страна tix.mk, ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Секој корисник кој не се согласувате со оваа Политика за приватност, во секое време може да го прекине пристапот до веб страната и користењето на апликациите од истата.

12. Измени во Политиката на приватност

TIX.MK го задржува правото да ја менува оваа Политика на приватност. Сите измени ќе бидат објавени на нашата веб страна со ажурирана дата, и стапуваат во сила веднаш по објавувањето.

13. Контакт за прашања или жалби

За било какви прашања или жалби во врска со вашите лични податоци, можете да не контактирате на:

Е-пошта: contact@tix.mk

Телефон: +389 78 713 50

Дата на последна ревизија: 05-01-2026